Хусеини: Регистарските таблички на автобусот на „Беса транс“ не постојат

од Nikola Popovski

Јас добив 58 извештаи од Министерството за внатрешни работи од „Деве Баир“ и сите регистарски таблички на возилата се регистрирани. И јас ја имам оваа регистарска табличка. Но, тоа не е тој автобус. Табличката на овој автобус не постои, вели директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини, на прашањето дали кобниот автобус на „Беса транс“, кој се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија бил регистриран.

Тој уште еднаш повторно дека не е одговорен за ова што се зборува дека автобусот ја поминал границата 130 пати и што не е регистриран никаде.

-И јас се чудам. Јас не добив никакво известување од Царинската управа дека автобус на Х (икс) компанија ја поминал границата без извод од лиценца, и покрај тоа што има законска обврска да ме извести и да не дозволи автобусот да ја помине границата. Едно нешто е јасно – ако нема извод, не смее да ја помине границата“, истакна Хусеини во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини