И тие сакаат љубов: Мачките лесно се поврзуваат со сопственикот

од desk4

Грубата поделба меѓу најчестите домашни миленици вели дека кучињата се приврзуваат за сопственикот кој ги чува, додека пак, мачките се тврдоглави и ги интересира само чинијата да им е полна.

Гордите сопственици на мачка, како домашно милениче, сметаат дека ваквото тврдење е сосема неточно. Оние кои имаат мачка точно знаат дека и таа се приврзува, па некогаш дури и повеќе отколку куче, со кое често се споредувани.

Колку и да се тврдоглави и инаетливи, мачките сакаат да се галат, сакаат внимание и некогаш тоа им е поважно од вкусниот оброк.

Државниот универзитет во Орегон спровел истражување со 70 сопственици и нивните мачки. Тие имале едноставна задача. Ги замолиле да бидат во иста просторија со мачката две минути, па да излезат на две минути и да го повторат истото неколкупати.

Скенирањето на однесувањето на мачките покажало дека излегувањето на својот сопственик од просторијата го доживувале навистина стресно и се чувствувале исплашено и небезбедно. Кога ќе се врател сопственикот, веќе послободно го истражувале просторот.

Оние, кои пак, и претходно не биле многу поврзани со сопственикот, чувствувале несигурност и кога тој е со нив.

Поврзувањето меѓу мачката и сопственикот најмногу зависи од самиот карактер на животинчето. А, секако, сигурно секој од нас чул за случај кога и кучето не е секогаш расположено за гушкање и играње.

Слични содржини