Имаат само еден услов: Канадски хотел нуди бесплатна вечер за Валентајн

Хотелот Зед во Канада се одлучи за необичен потег. Имено, сите жени кои ќе затруднат за време на престојот во хотелот, ќе добијат бесплатно ноќевање за Валентајн и тоа во следните 18 години, пренесува Metro.co.uk. Се разбира, понудата се однесува и на нивните партнери.

Интересно е што оваа понуда пред празникот на љубовта, ја пласираат веќе петта година по ред, а за да учествуваат паровите мораат да уплатат четиричасовен престој во хотелот, за кој ќе треба да одвојат 59 канадски долари.

„На сите им здосадија розите и чоколадата. Нели за Валентајн треба да се крене температурата? Мислиме дека да.“, пишува на страната на хотелот.

„Доколку новото бебе во вашето семејство пристигне девет месеци по престојот во хотелот, ние ќе славиме со вас“, порачале од управата на хотелот.

Слични содржини