Името го добила по планетата: Откриено како се вика втората ќерка на Ед Ширан

од Stefanija Kuzmanovska

Музичарот Ед Ширан и неговата сопруга Чери Сиборн пред два месеца го добија своето второ дете. Парот веќе има наследничка, а сега нивната среќа ја надополни уште една ќерка.

Парот не сака да ги објавува приватните работи, но британските медиуми успеаја да откријат кое име ѝ го дал Ширан на својата втора ќерка.

Музичарот ѝ дал на својата ќерка уникатно име. Според таблоидот „Сан“, ќерката на Ширан се вика Јупитер Сиборн Ширан.

Слични содржини