Истражувањето на Евробарометар беше направено во сите 28 земји членки на ЕУ

Европските граѓани се загрижени претежно од имиграцијата и тероризмот, а дури потоа се загрижени од состојбата на економиите на земјите, покажува социолошкото истражување, цитирано од ДПА.

За првпат имиграцијата ја  претекна економијата како примарна грижа на Европејците во мај 2015 година сега имиграцијата е истакната како еден од најголемите извори на грижите од 48% од 31 946 испитаници кои учествувале во истражувањето на Евробарометарот. Пред шест месеци тие беа 58%, па при сегашното анкета за прв пат од три години се забележува пад во случаите на луѓето, за кои имиграцијата е најголемиот проблем во блокот на 28-те.

Истражувањето на Евробарометар беше направено во сите 28 земји членки на ЕУ, во Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција – земји на “линијата на фронтот “на бегалската криза.

На второ место, со 39%, е тероризмот. Луѓето, според кои тој е најголема грижа, се зголемиле за 14% во споредба со претходната анкета од пред шест месеци.

Економската ситуација, состојбата на државните финансии и невработеноста се дефинирани како главна загриженост од под 20% од испитаниците.

Слични содржини