Имотите во Лос Анџелес кои организираат големи собири ќе останат без струја и вода

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети изјави дека градските служби ќе имаат овластување да ги исклучат водата и електричната енергија на имотите каде што се организираат собири и големи забави, и покрај забраните што беа воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Гарсети рече дека ваквите куќи станале „ноќни клубови на ридовите“ и дека фокусот ќе биде на ваквите собири, кои претставуваат значителен безбедносен ризик, пренесува BBC.

Новите мерки ќе стапат на сила во петок.

Калифорнија е најтешко погодената држава со Ковид 19, со околу 532.000 потврдени случаи на инфекција, од кои 197.912 се во Лос Анџелес, а 9.872 смртни случаи.

Слични содржини