Индијана: Петгодишно момче со пиштол го уби својот 16-месечен брат

од Stefanija Kuzmanovska

Петгодишно момче со пиштол го убило својот 16-месечен брат во градот Лафајет во северозападна Индијана. Полицијата во вторникот објави дека 5-годишното дете и неговата сестра пронашле пиштол во станот и дека 5-годишното дете потоа пукало во помалиот брат, кој е идентификуван како Ајсаја Џонсон.

Се уште никој не е уапсен

Полицискиот поручник Мет Гард во Лафајет изјави дека некој кој не живеел во станот се јавил на 911 по пукањето за да пријави дека детето не дише.

„Во станот имаше едно возрасно лице и две деца“, изјави Гард за Journal & Courier.

Наредена е обдукција која треба да ја потврди причината за смртта.

Полицијата нагласи дека никој не е уапсен и дека случајот се уште се истражува. Откако ќе заврши истрагата, официјалните лица рекоа дека случајот ќе биде испратен до Канцеларијата на обвинителството на округот Типекано на преглед за да се утврди дали ќе бидат поднесени обвиненија.

Слични содржини