Индија, Бразил, Русија и Колумбија бележат најголем број на новозаразени со Ковид-19

од Nikola Popovski

Според официјалните податоци на Светската здравствена организација, во последните 24 часа, бројот на нови случаи во светот изнесува 311.291, а земјите кои бележат најголем број нови случаи се Индија, Бразил, Русија и Колумбија.

Според податоците на порталот worldometers, во последната недела, најголем број на заразени лица се регистрирани во Бразил и скоро достигна бројка од половина милион – 492.670 лица, од кои 11.626 ја загубија битката со вирусот корона во седум денови

На второ место е Индија, каде што бројот на заразени лица минатата недела изнесува 344.602, а бројот на починати е 8.596 лица.

Во Европа, во последните седум дена, во Русија се потврдени најмногу случаи на коронавирус – регистрирани се нови 134.465 случаи, а на второ место е Велика Британија со 102 957 позитивни лица минатата недела.

Шпанија е на третото место со значително помалку заразени лица минатата недела во споредба со Велика Британија – 20.172 лица беа позитивни.

Франција е на четвртото место со 12.710 позитива, а по неа следуваат Португалија, Италија и Германија.

Во Азија, Индија сè уште води во бројот на случаи кога во март беше откриен нов сој – мутирана верзија на вирусот, па така, на почетокот на мај беше поставен рекорд од 412.000 нови инфекции за еден ден, додека 3.980 луѓе починаа на истиот ден

Според податоците на порталот worldometers, во последните 24 часа, бројот на новоинфицирани во Индија е 46.643.

До денес, скоро 181,9 милиони луѓе биле заразени во светот, околу 3,9 милиони починале од несаканите ефекти на короната, додека повеќе од 166,4 милиони се опоравиле.

Во последните 24 часа, Индија има најголем број на смртни случаи – 981 лице, додека Бразил е на второто место со 725 смртни случаи.

Колумбија е на трето место со 664, а Русија е на четврто со 599 лица кои починаа од коронавирус.

Во САД има нови 4.470 случаи во последните 24 часа, а земја со најмногу случаи од почетокот на пандемијата е Калифорнија со вкупно 3,8 милиони случаи.

Слични содржини