Индија е трета во светот по бројот на смртни случаи од Ковид-19

од Nikola Popovski

Во Индија, бројот на смртни случаи за време на епидемијата на коронавирус надмина 300.000 луѓе, било објавено вчера.

Индија регистрирала 4.454 нови смртни случаи во последните 24 часа, со што вкупниот број на жртви достигнал 303.720 лица, соопшти Министерството за здравство. После САД и Бразил, Индија е трета земја во светот со најголем број на смртни случаи од Ковид-19.

Заклучно со вчера во Индија се заразени 222.315 лица, а досега се вкупно скоро 27 милиони. Првиот смртен случај од Ковид-19 во Индија е регистрирана на 12 март 2020 година. Ширењето на инфекцијата се чини дека е ставено под контрола во поголемите градови, но не се забележува напредок во сиромашните внатрешни делови на земјата, пишува АП.

Борбата против ширењето на инфекцијата се забавува со бавната имунизација на граѓаните. Покрај тоа, индиските лекари дополнително се загрижени за епидемијата на „црна габа“ – ретка и фатална инфекција, претежно кај дијабетичари кои закрепнуваат од Ковид-19 по третманот со стероиди.

Слични содржини