Индискиот премиер Моди соопшти дека лидерите од Г20 се договориле за текстот на лидерската декларација

од Radmila Tasevska

Индискиот премиер Нарендра Моди соопшти дека лидерите од Г20 постигнале консензус за текстот на лидерската декларација и дека таа е усвоена, јави германската агенција ДПА.

– Благодарение на напорната работа на сите тимови, постигнавме консензус за текстот на Декларацијата на лидерите на Самитот на Г20, им соопшти Моди на лидерите од блокот на Самитот во Делхи. – Најавувам прифаќање на оваа декларација, додаде Моди.

Објавата дојде откако делегатите од најмоќните земји во светот претходно постигнаа компромис за јазикот што ќе се користи за опишување на војната во Украина, според Ројтерс, пренесува БТА. Групата е длабоко поделена околу војната во Украина, при што западните земји се залагаат жестока осуда на Русија да биде вклучена во декларацијата, додека други инсистираа таа да се фокусира на пошироки економски прашања.

Формулацијата најверојатно ќе биде слична на декларацијата од Самитот во Индонезија во 2022 година, во која се забележува дека иако повеќето нации ја осудуваат Русија за инвазијата, постојат различни ставови.

Во претходниот нацрт на декларацијата во кој имал увид Ројтерс, ставот „геополитичка ситуација“ беше оставен празен, додека 75 други параграфи кои покриваат прашања од глобалниот долг и криптовалутите до климатските промени беа договорени.

Слични содржини