Инфективна ќе биде затворена во наредните две недели

од Nikola Popovski

Инфективната клиника во Скопје ќе биде затворена две недели, поточно до 3-ти мај, затоа што поради огромниот број пациенти потребна е целосна дезинфекција на објектот.

-Не е целта на одмор, туку целосна дезинфекција на Клиниката. Пациентите ќе се префрлуваат во 8-ми септември како преоден период. Нормално ние стоиме располагање за секој евентуален наплив на пациенти, така да нема да има некаков застој, информира денеска министерот за здравство, Беким Сали.

Министерот појасни дека ќе се направи сериозно чистење, стерилизација, дезинфекција на душеци, перници и медицинскиот мебел.

Слични содржини