Инспекцијата „во лов“ на загадувачи: Комунален и земјоделски отпад и гума гореле во Кумановско

од Берта Китинска

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) вчера во Кумановско извршил два увида на пожари во Агино Село и во наслебата “Диво насеље”, во кои покрај комунален, земјоделски отпад горела и отпадна гума, информираа од Инспекторатот.

-Во Кумановско Агино село по укажување од страна на Директорот на ДИЖС за запален комунален отпад измешан со отпадна гума, направен е заеднички увид со Раководителот на Општинскиот Инспекторат Куманово.Повикана е против пожарна единица.Во населба “Диво насеље” Куманово, при заеднички увид ДИЖС-Општина е затекнато физичко лице како пали комунален и земјоделски отпад. Облакот од горење го прекриваше половина од градот Куманово. Направен е Записник за констатација од страна на Раководителот на Општинскиот Инспекторат Куманово и истиот ќе постапува по предметот во инспекциска постапка согласно надлежноста, велат од ДИЖС.

Слични содржини