Инцидент по натпреварот Шкупи-Линколн, за влакно избегната тепачка (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Македонскиот првак Шкупи закажа дуел против загрепски Динамо во 2-то претколо од квалификациите за Лигата на Шампиони, откако денеска на реваншот ги издржа налетите на Линколн и загуби само со 2-0 на гостувањето на Гибралтар. За потсетување првиот наптревар на арената „Тодор Проески“ заврши со 3-0 за тимот од скопската населба Чаир.

Сепак по крајот на дуелот, малку недостигаше да дојде до посериозен инцидент и тепачка меѓу двата тима.

Во главна улога беше тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски и голманот на Линколн, по што се вмешаа и други фудбалери, но и членови на стручниот штаб на првакот на Гибралтар. Дојде до турканици и пцовки на средината на теренот.

Слични содржини