Ирачкиот министер за здравство поднесе оставка после пожарот во ковид болницата

од Stefanija Kuzmanovska

Ирачкиот министер за здравство Хасан ал-Тамими поднесе оставка, десет дена по пожарот во ковид болницата во Багдад, во кој загинаа повеќе од 80 лица.

Ирачката влада ја потврди оставката на министерот ден откако ја укина неговата привремена суспензија одредена поради пожарот.

Директорот на болницата каде избувна пожарот, како и неколку претставници на управата беа отпуштени поради небрежност, а против нив се покренати и дисциплински мерки.

Во пожарот што избувна на 25 април, загинаа 82 лица, а над 100 беа повредени.

Меѓу мртвите имало пациенти со тешки симптоми на коронавирус кои биле на апарати за дишење.

Слични содржини