Ирина Шајк зборува за прв пат по разделбата со Бредли: Знам дека принцот е се уште таму некаде

од Vlatko K

Топ-моделот Ирина Шајк го даде првото интервју откако се раздели со актерот и режисер Бредли
Купер, со кого беа заедно 4 години. Двајцата почнуваат да излегуваат во 2015 година, а нивната
прва заедничка појава на црвениот тепих беше во март 2016 година. Тие имаат 2-годишна ќерка –
Леа де Сен Шајк Купер, именувана по бабата на таткото на Ирина, а „Сен“ – по реката Сена во Париз,
каде што Русинката ја започнала својата кариера.

Пред „Харперс Базар“ моделот откри дека не е совршена и дека, и покрај разделбата, таа останува
безнадежно романтична: „Никој веќе не праќа писма до никого. Навистина верувам дека ако одиш
на вечера со некого, не треба да му праќаш СМС или порака во Инстаграм. Го земаш телефонот, му
се јавуваш и велиш: „Ајде да одиме на вечера“.

„Дали верувам во бракот? Да, се разбира. Јас не сум човек кој е против. Знам дека принцот е се
уште некаде таму“.

Манекенката позира со розови фустани на новата насловна на магазинот, а на другите кадри
убавицата е гола, облечена само со долго здолниште.

„Не сум совршена, имам лоши денови, како и денови во кои мојата коса изгледа ужасно.
Понекогаш не личам на модел. Јас сум само обичен човек. Никогаш не сум била човек кој вели:

„Сакам да изгледам убаво“. Имав агенти што ми кажуваа дека морам да ја скратам косата,
едноставно реков: „Нема начин да се случи тоа“. Треба да знаете што сакате и да се држите до
вашите одлуки. Ќе сретнеш луѓе кои ќе ти велат дека си дебел или слаб, но ти треба да научиш како
да се сакаш и да се чувствуваш удобно во својата кожа“.

„Ако некој сака да ги поправи усните, бидејќи не се чувствува добро, Бог да го благослови. Јас не
судам никому. Но секогаш охрабрувам природна убавина, бидејќи мислам дека живееме во овој
совршен свет каде што секој сака да биде совршен. Понекогаш имам двојна брада.

Совршенството не постои.

Јас имам брчки и ќе се појавуваат и уште, и уште. Луѓето треба да прифатат дека стареат
и телото се менува. Славете ги овие фази од животот“, порачува Русинката.

Убавицата не ја пропушти и темата за мајчинството: „Треба да бидете вистински за своите деца,
инаку живеете во лага. Верувам дека ако сакаш нешто, тоа се претвора во приоритет. Мајчинството
е како додаток кон животот“.

Во своето интервју таа зборува за нејзината родна земја, велејќи дека жените можат да се справат
со сè. Нејзиниот татко, кој бил рудар на јаглен, починал од белодробни компликации, кога таа имала
едвај 14 години. Таа ги изгубила и дедовците порано и така во семејството настапил целосен
матријархат: „Никогаш не сме имале мажи наоколу. Жените се оние кои можат да се справат со сè.

Жената може да одгледува деца, да работи, а кога ќе се врати дома – ќе зготви, ќе исчисти и ќе ја
заврши напорната работа. Сами се научивме како да ги закачуваме завесите. Знам како да се

засади компири и краставица, бидејќи во Русија тоа е начинот на кој опстануваш во зима“

„Луѓето мислат дека имам тим од 20 лица, но напротив. Тоа ќе ме направи нервозна. Можам да се
справам сама, јас сум Јарец. Во мојата куќа сè е совршено. Ако треба да удрам шајка во ѕидот или
да преселам тросед – да, можам да го сторам тоа“, вели Шајк категорично.

Историјата на Ирина како модел започнува во 2004 со починатиот Гија Џикидзе кој ја забележува
на локално натпреварување за модели. „Тоа не беше натпреварување за елитни модели, но исто
толку забавно“.

Агентот ја носи во Париз, каде што три години подоцна таа станува лице на италијански бренд за
долна облека „Интимисими“. Ја турка и се претвора во една од лицата на „Барбери“.

Следат брендови како „Живанши“ и „Версаче“, а денес Донатела е една од најблиските нејзини пријателки.

„Сега, кога се враќам во Париз, јас и мојот возач престојуваме во некој хотел, навистина ценам како
живеам и колку сум среќна. Во животот нема ништо лесно. Од моето детство, во тие времиња кога
мајка ми и татко ми не добиваа плати – бевме во режим на опстанок. Токму тоа те учи да работиш
напорно, да знаеш дека никој нема да дојде и да ти даде нешто наготово“.

Слични содржини