Исклучителна понуда го праќа Иниеста во Кина?

од Vladimir Zorba

Големата ѕвезда на Барселона и шпанската фудбалска репрезентација, Андрес Иниеста, размислува за трансфер во Кина.

Со овие гласини излегоа медиумите во Шпанија, кои тврдат дека плејмејкерот на „блауграна“ добил повеќе од примамлива понуда од кинескиот Тјанжин.

Според шпански „Спорт“, Иниеста за една сезона ќе добие 35 милиони евра.

Барселона нема да го запре својот фудбалер ако одлучи да го напушти клубот по долги години верна служба.

Слични содржини