Исклучително вкусна салата со фета сирење

од Stefanija Kuzmanovska

На сите им се познати ситуациите кога ни снемуваат идеи што да подготвиме за оброк или едноставно сме во голема гужва.

Секако, фините и здрави салати направени од состојки кои сите ги имаме во фрижидер се секогаш добри решенија, особено за летните горештини.

Освежителна салата која содржи зелена салата, домат, кромид, туна, црни маслинки без семки и коцки фета сирење е фантастична за оние денови.

Состојки:

1 главица зелена салата

1 кромид

2 домати

100 гр конзервирана туна

100 гр фета сирење

1 грст црни маслинки

маслиново масло

малку јаболков оцет (по избор)

сол

Подготовка:

Добро измијте ја зелената салата, исушете ја и исечете ја на парчиња. Излупете го кромидот и исечете го на тенки ленти. Измијте ги, исушете ги и исечете ги доматите на парчиња со средна големина. Исечете го фета сирењето на мали коцки, а туната добро исцедете ја.

Во сад за салата ставете зелена салата, кромид, домати, сирење и туна.

Подгответе едноставен сос од оцет (може да користите сок од лимон наместо оцет) со маслиново масло и сол и зачинете ја салатата.

Слични содржини