Исламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Москва

На профилот на ТВ НЕКСТА на платформата „Х“ беа објавени фотографии од наводни терористи.

од Бети Божиноска
310 прегледи

Исламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Москва вечерва, објавија терористичката организација на својот канал на „Телеграм“.

Очевидци сведочеа дека напаѓачите на концертната сала „Крокус“ ​​во Москва изгледале како да се „од Азија и Кавказ“ и дека комуницирале на „странски јазик, а не на руски“, пренесува белоруската телевизија НЕКСТА, повикувајќи се на руски локални медиуми.

На профилот на ТВ НЕКСТА на платформата „Х“ беа објавени фотографии од наводни терористи.

Руските медиуми тврдат дека се бараат лица од Ингушетија.

Слични содржини