Исплива протоколот за мејловите: Курц планирал да ја казни црквата

од Stefanija Kuzmanovska

Протоколот за мејловите на австрискиот канцелар Себастијан Курц и поранешниот министер за финансии Томас Шмит покажа дека владата подготвува акција против црквата.

Наводно, заради нејзината критика кон владината политика кон мигрантите.

Ова произлегува од документот на тековната истрага против канцеларот Курц поради наводни лажни изјави пред истражниот комитет во врска со аферата „Ибица“. На 4 март 2019 година, Министерството за финансии добило барање од владата да направи список со сите даночни поволности за верските заедници.

Девет дена подоцна, министерот Шмит добил наредба од Курц да „даде гас“ против претставниците на Римокатоличката црква.

За време на состанокот со генералниот секретар на бискупската конференција, Питер Шипко, тој најавил „претрес“ на даночните олеснувања во црквата и намалување на стимулациите.

После тој состанок, „паднало“ контроверзното ветување на Шмит – „ќе добиеш се што сакаш“.

Две недели подоцна, Шмит беше назначен за шеф на државниот холдинг OeBAG, а Курц тврдеше пред истражниот комитет дека не бил упатен или прашан за тоа назначување.

Претставниците на црквата тргнуваат од фактот дека заканата во тоа време била поврзана со критиките на црквата кон политиката кон мигрантите.

Имено, на 1 март 2019 година, Шипко го нарече планираното притворање на барателите на азил „напад врз човековите права“.

Сепак, Министерството за финансии ги отфрла тврдењата на црквата и објаснува дека даночните привилегии на Римокатоличката црква изнесуваат 15 милијарди евра и дека даночните привилегии на групи и организации се анализираат како дел од спроведувањето на даночните олеснувања.

Слични содржини