Истражувањата утврдија дека мигрената е поврзана со срцеви болести

од desk2

Доколку патите од мигрена, немојте тоа да го занемарувате затоа што може да биде знак за срцеви болести. Резултати од долгогодишното истражување во кое учествуваа половина милион луѓе го покажуваат тоа.

Студијата е објавена во British Medical Journal каде е наведено дека тие проблеми предизвикуваат срцев и мозочен удар, крви згрутчувања и неправилна работа на срцето.

Оваа опсежна и релевантна студија покажува дека мигрената секако е поврзана со кардиоваскуларните заболувања и дека тоа е најчеста причина за смрт кај луѓе кои во текот на животот патат од мигрена.

Дански и американски истражувачи спроведоа истражување во периодот од 1995 година до 2013 година. Повеќе од 500.000 луѓе немале проблеми со мигрената, додека кај 51.000 пациенти забележано е дека ја имаат.

Истражувањето покажало дека најмногу жени имаат проблем со мигрената, околу 70 отсто и дека нивната просечна старост е 35 години.

„Со студијата е утврдено дека мигрената треба да се смета за силен и најчест предизвикувач на срцеви болести првенствено кај жените, а потоа кај мажите. Причината од тоа е висок процент на смртност од кардиоваскуларни болести кај лицата со мигрена“, велат научниците.

Со оглед на тоа дека ова истражување се засновало на набљудување не се утврдени точните причини и поврзаноста на овие две болести.

Мигрената има потешки симптоми од обична главоболка и болката е многу силна. Редовно е проследена со мачнини, повраќање, исцрпеност на организмот и осетливост на светлина и бука. Траењето е индивидуално, кај некои поминува по неколку аса, а кај други трае и по три дена.

Слични содржини