Истражување: Една четвртина од Русите веруваат дека коронавирусот е измислен од одредени лица

од Nikola Popovski

Една четвртина од Русите сметаат дека опасноста од епидемија на коронавирус е претерана или дека е измислица на заинтересирани лица, се резултатите од истражувањето спроведено од престижната московската Висока школа за економија.

23% од испитаниците се убедени дека нема епидемија и дека е измислена од одредени луѓе, а 9,6 проценти сметаат дека опасноста е преувеличенa.

Анкетата била објавена на бројни руски страници во пет фази од 18 март до 26 мај. Повеќе од 30.000 луѓе од сите руски региони, на возраст од 20 до 60 години, одговориле на истражувањето.

Аналитичарите велат дека луѓето кои не веруваат во епидемијата или веруваат дека таа е фабрикувана, се однесуваат драстично поинаку од оние што ја признаваат. Првата група на луѓе во 43% од случаите изјавиле дека ги посетуваат роднините, а повеќе од половина рекле дека одат на прошетка. Три четвртини од скептиците рекле дека нема потреба од самоизолација.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска, коментирајќи ги резултатите од анкетата, дека „негирањето на вирусот покажува отсуство на желба да се погледне наоколу и да се прифати реалноста“.

„Врз основа на моето искуство, можам да кажам дека таа работа постои и дека е опасна“, рекол Песков.

Песков, како и неговата сопруга, шампионка во уметничко лизгање, Татјана Навка, биле хоспитализирани со дијагностициран Ковид-19, а подоцна пуштени од болницата на 25 мај.

Слични содржини