Италија ги затвори своите пристаништа за руските бродови

од Vladimir Zorba

Во согласност со санкциите што Европската унија и ги воведе на Русија, Италија донесе одлука да им забрани на руските бродови да влегуваат во италијанските пристаништа од утре, 17 април, објавија денеска италијанските медиуми.

Повикувајќи се на циркуларното писмо на главната команда на пристанишните власти на Италија, агенцијата АНСА денеска објави дека забраната ги опфаќа и руските бродови кои го промениле знамето под кое пловат по 24 февруари, пренесе ТАСС.

Руските бродови закотвени во Италија мора да ги напуштат италијанските пристаништа веднаш по „завршувањето на нивните деловни активности“, се наведува во извештајот на АНСА.

Слични содржини