Италија: Нова влада во полн состав

од Stefanija Kuzmanovska

Со изборот на 39 потсекретари, асистенти и министри комплетирана е владата на италијанскиот премиер Марио Драги, пренесува весникот „Ил фато Котидиано“.

Изборот не помина лесно, имало напнатост, полемики, па дури и вето на одредени предлози на седницата, па во еден момент владината седница беше прекината еден час.

Меѓу новите владини претставници има 19 жени.

Меѓу новите членови на владата има двајца помошници министри, Стефани Пукарели и Рошано Сашо, кои имаат многу негативен став кон мигрантите, нарекувајќи ги „нелегални копилиња“.

Слични содржини