Италија: Парламентарните избори во деликатен момент за Европа

од Берта Китинска

Денеска Италијанците гласаат на парламентарни избори кои во критичен момент за Европа, во екот на конфликтот во Украина и глобалниот пораст на цените на енергенсите, би можеле нагло да го пренасочат политичкиот курс на Италија надесно.

Избирачките места беа отворени утрово во 7:00 часот и до пладне излезноста беше иста или малку помала отколку во истото време на последните општи избори одржани во 2018 година, пренесува АП.

Пребројувањето на гласачките ливчиња се очекува да започне веднаш по затворањето на гласачките места во 23 часот вечерва, а проекциите врз основа на делумните резултати се очекуваат утре рано наутро.

Објавувањето на резултатите од анкетите на јавното мислење беше забрането на две недели пред изборите, но анкетите пред тоа покажаа дека лидерката на екстремната десница Џорџија Мелони и нејзината партија Браќа од Италија со неофашистички корени беа најпопуларни.

Тоа сугерира дека Италијанците се подготвени да гласаат во екстремно десничарска влада за прв пат по Втората светска војна.

„Можете да помогнете во создавањето на историјата денес“, твитна Мелониева утрово.

Нејзината партија е дел од десничарскиот сојуз со Антиимигрантската лига на Матео Салвини и Форца Италија на Силвио Берлускони, три мандатен премиер на Италија.

Веднаш зад Мелони во однос на јавната поддршка е поранешниот премиер Енрико Лета и неговата централно-левичарска Демократска партија.

Лета твитна фотографија од себе на гласачката кутија и порака „Гласајте добро!“.

Слични содржини