„Италијанскиот модел“ на борбата против короната стана светски пример

од Vladimir Zorba

Од неславен до светски модел за репутација, пишува „Њујорк Тајмс“ за италијанскиот модел на борба против павидемијата Ковид-19.

Дописникот на весникот од Рим, Џонсон Хоровиќ, наведува дека Италија успеала да ја доведе пандемијата под контрола благодарение на мешавината на мерки со цврст карантин на целата територија.

Весникот пишува дека ова е успех на голема работа направена од владиниот научен и технички тим, кој во соработка со локалните комитети, лекари и болници, секојдневно ја следи епидемиолошката состојба, заснована на 20 индикатори и реагираше брзо каде и да се ширеше вирусот.

– Благодарение на тоа, Италија имаше неделно радиографско снимање на епидемиолошката состојба, врз основа на кое владата, во соработка со Институтот за здравство, донесе здравствени и политички решенија – се наведува во текстот.

Весникот ја поздравува одлуката на италијанската влада да ја продолжи вонредната состојба до 15 октомври, што и овозможува да реагира брзо и да преземе мерки во случај вирусот повторно да се шири.

Дописникот на весникот оценува дека мерките преземени од италијанската влада биле многу скапи за економијата на земјата.

Оваа година, бруто националниот приход ќе биде помал за 10%, заклучува весникот, кој за кратко време објави два текста за таканаречениот „италијански модел“ на борбата против пандемијата на вирусот.

Слични содржини