Итна седница на Советот за човекови права на ОН за Белорусија

од Vladimir Zorba

Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бешел побара од Белорусија денес да спроведе истрага за наводите за тортура од страна на припадници на безбедносните сили против демонстрантите, а Советот за човекови права на ОН закажа итна седница за состојбата во Белорусија во петок, на барање на Европската унија.

„Со оглед на обемот и бројот, сите обвинувања за тортура и друго лошо постапување од страна на безбедносните сили треба да бидат документирани и истражени за сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Високиот комесар на отворањето на 45-та седница на Советот за човекови права на ОН во Женева.

Одлуката за организирање итна дебата на Советот за човекови права на ОН беше донесена по гласањето. Вкупно 25 земји гласаа „за“, две земји беа против, а 20 беа воздржани.

Од 9 август во Белорусија траат масовни протести, поради спорните претседателски избори на кои беше реизбран Александар Лукашенко. Голем број луѓе беа уапсени на демонстрациите во Минск и низ целата земја, а апсењата се придружени со обвинувања за бројни случаи на тортура.

Слични содржини