Иванов: Инспираторите на 27-ми април вчера шетаа пред Собрание, наместо да им се извинат на осудените

од Nikola Popovski

„Тие луѓе што се во затвор, најголем дел од нив, кои со емоции влегоа во Собранието на 27-ми април, се инспирирани од луѓе што вчера шетаа со мегафони пред Собранието“, вели новинарот Зоран Иванов, коментирајќи го вчерашниот протест за поддршка на осудените за тероризам за настаните од 27-ми април.

„Инспираторите требаше да се фатат за уши, се знае кои беа и вчера без срам уште протестираа, најголемите галамџии. Дали ги гризе совест, дали имаат образ, ги пратија луѓето во затвор со своите говори, а се уште не им се извиниле“, потенцира Иванов, во гостувањето на емисијата „Само вистина“, додавајќи дека времето ќе покаже дали судот погрешил во одлуката, да им додели толку години затвор на тие лица што ги нападнаа пратениците и новинарите на кобниот четврток во 2017 година.

Слични содржини