Избори во Полска: „Демократијата победи, ПиС ќе заминат од власт“

од Stefanija Kuzmanovska

Полскиот претседател Анджеј Дуда најверојатно ќе ја даде првата шанса за формирање влада по изборите на партијата која доби најмногу гласови, а тоа се владејачките националисти Право и правда (ПиС), изјави во неделата неговата помошничка Малгоржата Папроцка.

На прашањето на приватната телевизија дали ПиС ќе добие задача да формира влада, Папроцка рече: „Така изгледа денес, гледајќи ги членовите од уставот, гледајќи ја традицијата“.

Според излезните анкети, полскиот проевропски опозициски блок освои мнозинство на парламентарните избори во неделата, а доколку тоа го потврдат и официјалните резултати, владејачката националистичка партија ПиС нема да добие трет мандат.

Трите опозициски партии од центарот, Граѓанската коалиција (КО), Третиот пат (Христијанско-демократи) и Левица освоија 248 места во парламентот од 460, додека ПиС и нејзиниот сојузник Конфедерацијата (екстремно десничарски) имаат 212 места.

„Не е јасно дека резултатите од изборите во недела во Полска ќе завршат со нов мандат на владејачката партија Право и правда (ПиС)“, рече нејзиниот лидер Јарослав Качински.

Неговиот партиски колега, полскиот премиер Матеуш Моравјецки, на социјалните мрежи објави дека ПиС е „победник на изборите“.

Лидерот на КО, поранешниот премиер Доналд Туск во неделата вечерта изјави дека демократијата победила и дека ПиС ќе ја напушти власта.

„Никогаш не сум бил толку среќен како денес со второ место. Победи демократијата. Го отстранивме ПиС од власт“, ​​рече Туск.

Слични содржини