Изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај

од Vladimir Zorba

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај, кога е Велигден.

„Ако претседателот на српскиот парламент се избере на 11, 12 или 13 март, не е важно, изборите мора да се одржат до 11 или 12 мај. Значи тие можат да се одржат на 28 април, помеѓу 45 и 60 ден, по закон. Па може и на 28 или на петти. А Велигден ни е петти. Сакате да имаме избори на Велигден?“, им рече Вучиќ на новинарите за време на обиколката на Воено-техничкиот институт во Жарково.

Коментирајќи ги барањата на опозицијата да не се одржат изборите на 28 април поради празникот, тој рече дека мора да се почитуваат законските норми.

„И велат, Вучиќ донеси лекс специјалис. Вучиќ не носи лекс специјалис. Ниту донел, ниту може да донесе. Народното собрание го носи“, рече Вучиќ.

Слични содржини