Изборите во ДУИ се фарса, партијата излегува губитник, порачаа „Огнените“

од Nikola Popovski

„Огнената група“ која функционира како фракција на ДУИ информира преку соопштение дека денешните внатрепартиски избори во ДУИ се нестатутарни и организирани со диктат.

-Процесот е фарса, бидејќи е сосема нестатутарен и згора на тоа претседателите се веќе избрани по диктат на пратседателот Али Ахмети пред извесно време. Следствено, ова што се случува денес, дека наводно некој гласа е само евтин театар за дефокусирање на јавноста, велат „Огнените“.

Потсетуваат дека слични процеси како овие се одржани и во полошкиот регион, но резултатот е дека ДУИ излегува губитник и го губи приматот меѓу албанските политички партии, како што е случајот со огранокот во Тетово, потенцираат од „Огнената група“.

ДУИ денеска одржува внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиските тела во 14 ограноци со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“.

-По успешно завршениот процес на регистрација на членството, проверката и објавувањето на кандидатурите и изборната кампања на кандидатите што завршува денес (петок, 30 јуни), во недела го повикуваме членството на Демократската унија за интеграција слободно да се изјасни за новото раководство на ограноците во Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шуто Оризаре, Велес, порачаа од партијаа.

Изборите во ДУИ следуваат по речиси цела година внатрепартиска битка на сега веќе фракцијата на ДУИ, во која се дел од високите партиски структури од една страна, и Ахмети и Груби од друга страна.

Слични содржини