Излечени 32.000.000 луѓе од корона

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на луѓе кои биле излекувани од Ковид-19 во светот надмина 32 милиони, според податоците на веб-страницата „Worldometers“.

Досега 32.001.313 пациенти се излечиле од коронавирус во светот, односно 96 проценти од 43.520.941 од сите евидентирани случаи.

Како резултат на Ковид-19, досега починале 1.161.360 луѓе, што е четири проценти од вкупниот број на пациенти.

Во моментов има 10.358.268 активни случаи. Лесни симптоми на болеста покажуваат 99 проценти од заразените, или 10.280.049 лица, додека 78.219 пациенти се во критична состојба.

Слични содржини