Израел го укинува задолжителното носење маски на отворено

од Vladimir Zorba

Од 18 април нема да биде задолжително носење маски на отворено во Израел.

Во таа земја со најмногу вакцинирани против коронавирус во светот во споредба со бројот на жители, донесена е нова одлука на патот кон нормализација.

Министерот за здравство Jули Еделштајн најави дека од недела ќе биде укината обврската за носење маски на отворено.

Обврската за носење маски во затворен простор ќе остане во сила.

Во Израел, врз основа на епидемиолошката состојба, која се подобри благодарение на вакцинацијата, епидемиолошките мерки постепено се олеснија од 21 февруари.

Во земја со околу 9,3 милиони жители, околу 4,96 милиони луѓе ја примија втората доза на вакцина Ковид-19.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во последните неколку дена, дневно се регистрираат помалку од 200 заразени лица.

Досега во Израел починале 6.312 лица како резултат на инфекција со вирусот, додека 836.504 лица биле заразени.

Слични содржини