Израел и Исламскиот џихад се согласија за прекин на огнот во Газа

од Nikola Popovski

Преговорите за примирје, со посредство на Египет и Обединетите нации, се случија на границата меѓу Израел и појасот Газа. По дводневните судири меѓу израелските безбедносни сили и палестинската група Исламски џихад и двете страни се согласија да го прекинат огнот.

Исламистичкиот џихад истрела 80 ракети кон израелските заедници долж границата со појасот Газа од неделата, соопшти портпаролот на израелската војска.

Во исто време, Израел изврши напади на места во појасот Газа и Сирија, во кои беа убиени тројца членови на вооружената група.

„Реципрочен прекин на огнот“

Нема жртви од израелската страна на границата, а многу ракети биле пресретнати од израелскиот ракетен систем „Железна купола“, објави Фена, повикувајќи се на Ројтерс.

Насилството следува една недела пред изборите во Израел во кои премиерот Бенјамин Нетанјаху се кандидира за петти мандат, по два неуспешни гласања.

Палестински официјален претставник изјави дека Израел и Исламски џихад постигнале „реципрочен и истовремен прекин на огнот“, со посредство на Египет и ООН.

Слични содржини