Израел изведе воздушни и артилериски напади врз цели на Хезболах во Либан

од Stefanija Kuzmanovska

Израелски воени авиони нападнаа неколку цели на Хезболах во јужен Либан како одговор на нападите извршени од либанската милитантна група на северот на Израел.

„Воени авиони на воздухопловните сили нападнаа неколку цели на терористичката организација Хезболах, вклучително и воен комплекс со складиште за оружје и објекти за воена инфраструктура“, се вели во соопштението на израелските воздухопловни сили на мрежата X (Твитер).

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека терористите на Хезболах истрелале противтенковски ракети на северот на Израел од Либан во неделата, при што биле ранети неколку цивили.

Слични содржини