Израел одобри трета, бустер доза за мали деца со висок ризик

од Nikola Popovski

Министерството за здравство на Израел денеска одлучи дека бустер вакцината против Ковид-19 треба да се дава на деца на возраст од пет до 11 години кои се изложени на ризик да се разболат сериозно.

Израелската телевизија Канал 12 објави дека групата од околу 1.000 деца ќе биде првата што ќе прими бустер вакцина пред да бидат одобрени за поширока имунизација. Децата ќе добијат детска доза од вакцината Фајзер.

Досега само децата постари од единаесет години примале бустер доза.

Одлуката е донесена откако синоќа беше објавена студија која покажува дека децата вакцинирани против коронавирусот се заразуваат со сојот омикрон двојно помалку од нивните невакцинирани врсници.

Студијата исто така покажа дека вакцината кај деца од пет до 11 години обезбедува силна заштита од соевите на коронавирус, особено во првите неколку месеци по имунизацијата.

„Дури и за време на бранот, вакцината омикрон дадена во последните три месеци, две дози или бустер доза, обезбедува подобрена заштита од инфекција во споредба со невакцинираните или оние чии вакцини се застарени“, се вели во соопштението на Министерството.

Хоспитализацијата на млади лица е двојно зголемена од 52 на 104 во последните денови, објави јавниот сервис Кан.

Слични содржини