Извештај на Стејт Департментот: Еврејската заедница била предмет на антисемитски коментари, ПОА и Бекташите се уште не се регистрирани

од Nikola Popovski

Во годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот се посочува дека Уставот на Северна Македонија забранува верска дискриминација и предвидува слобода на религијатa и религиозното изразување, објави Гласот на Америка.

Православната охридска архиепископија (ПОА) и Бекташката заедница (Тетово) и натаму не се регистрирани, Бектешката заедница пријавила вознемирување на своите членови, помалите религиозни групи нееднаков третман во однос на петте верски групи споменати во Уставот, се само дел од се дел од забелешките во Извештајот на Стејт Департментот.

„ИВЗ соопшти дека Владата продолжила да ја фаворизира Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), а помалите религиозни групи продолжиле да пријавуваат нееднаков третман на владата споредено со петте уставно именувани групи“, стои во извештајот.

Во него, се наведува и ангажманот на претставници на американската амбасада заедно со владини претставници, за да разговараат за верските слободи и толеранција, вклучително и за, како што стои во извештајот, „подобрената меѓуверска соработка и владиното почитување и еднаков третман на верските групи, вклучувајќи ги Бектешите од Тетово, Евреите и Евангелистичките методисти.

Во јануари, се наведува во Извештајот, Еврејската заедница и Фондот за холокауст на социјалните мрежи објавиле заедничка осуда за говорот на омраза и антисемитски коментари, во која ги повикаа граѓаните, политичките партии и институциите да ја отфрлат таквата реторика и наместо тоа да ја прифатат културата на почитување со учество во сеќавањето на жртвите на холокаустот. Во мај, Еврејската заедница им пријави на властите повеќе антисемитски и објави на говор на омраза од страна на фејсбук група наречена „Нинурта Македонија“.

„Душите на Евреите се домови на ѓаволот“, се цитира една од изјавите на оваа групата од 12 мај, и уште многу други коментари и говор на омраза како „светска чума“, „валкани, сурови и нехумани“.

Во однос на антисемитските коментари се посочува и објавата на новинарот Бранко Тричковски на Твитер од 6 февруари за пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, во кој Тричковски вели дека Мизрахи „јаде хумус направен од мртви Евреи“.

Слични содржини