Јаир Лапид мандатар за состав на новата израелска влада

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот претседател во средата го назначи Јаир Лапид, центристички ривал на премиерот Бенјамин Нетанјаху, да се обиде да формира нова влада, но сè уште не е сигурно дали тој ќе успее.

Претседателот Рувен Ривлин во телевизиско обраќање рече дека Лапид, поранешен министер за финансии, има ветена поддршка од 56 пратеници од 120, што сè уште не е мнозинство.

Изборите на 23 март не обезбедија мнозинство за премиерот или неговите ривали, кои сакаат да го симнат од власт.

28-дневниот мандат за формирање коалиција истече на полноќ, а Нетанјаху не успеа да постигне договор со крајната десница, па Ривлин мораше да му ја довери задачата на некој друг.

Лапид исто така има рок од 28 дена да формира коалиција.

Слични содржини