Јанчева: Владата нема ни денар долг кон Град Скопје

од Nikola Popovski

„Владата има законска обврска да овозможи бесплатен превоз на средношколците. Таа обврска е реализирана 100 отсто поради што Владата кон Град Скопје има 0 денари долг. Тие пари како блок-дотации се составен дел од програмата за средно образование, која ние како советници ја усвоивме“ рече советничката во Град Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека доколку од Град Скопје вината ја префрлаат на Владата тогаш треба да кажат кој е долгот кој Владата го има, од кога е, по кој основ, дали доцни и дали ќе има камата.

„Заменик-градоначалникот на Град Скопје кажа дека таа сума требала да биде не 120 милиони денари, туку и 360 и над 500 милиони. Почнавме со лицитација. Ако правиме така список што друго му фали на Град Скопје за Владата да покрие, што ќе прави градоначалничката тогаш?“ запраша Јанчева.

Слични содржини