Јанев: Бугарија е за европска перспектива на С. Македонија, но потребен е прагматичен пристап

од Nikola Popovski

Привремениот бугарски премиер Стефан Јанев одржал состанок со амбасадорот на Кралството Шпанија во Бугарија Алехандро Поланко Мата, објави владината служба за информации. Во фокусот на разговорот меѓу двајцата беа билатералните односи во сите области од заеднички интерес и конструктивната соработка во рамките на ЕУ и НАТО.

За актуелните прашања во врска со проширувањето на Европската унија и пристапувањето на земјите од Западен Балкан, во принцип била изразена принципиелна поддршка. Премиерот Стефан Јанев ја реафирмирал бугарската теза во врска со европската перспектива на Република Северна Македонија и ја истакнал потребата од прагматичен пристап за да не се дозволи контрадикторности да се пренесат на европското семејство на билатерална основа. Амбасадорот на Кралството Шпанија изрази разбирање за нивната национална позиција.

За време на средбата било нотирано дека двете земји се стратешки партнери и се разговарало за начините за продлабочување на стратешките односи преку интензивен политички дијалог и усогласени напори за билатерални, регионални и меѓународни прашања, соопшти бугарската владина прес-служба.

Фото: МС

Слични содржини