Јанева секој ден оди на работа, па се враќа назад во „Идризово“

од Nikola Popovski

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од неодамна секој ден излегува од затворот „Идризово“ и оди на работа, а потоа се враќа назад казнено-поправната установа. Оваа привилегија Јанева ја добила бидејќи одлежала поголем дел од казната, речиси пет години од досудените седум.

Јанева е вработена во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев. Оваа информација, таа ја открила на нејзиниот Фејсбук профил.

Јанева ја издржува казната во КПУ Идризово, каде што по извесно време од издржувањето на казната беше вработена како библиотекарка во затворската библиотека.

Поранешната специјална обвинителка за Злоупотреба на службената положба и овластувањата неправосилно беше осудена на 7 години затвор.

Јанева е осудена дека примила скап тросед и 50.000 евра за да му ја олесни положбата на бизнисменот Орце Камчев во истрагата. Ни тие пари не се најдоа, Камчев од притвор беше пуштен од Врховниот суд, а Јанева се противеше.

Слични содржини