Јанкуловски: Повикајте ги пријателите и роднините масовно да се пријавуваат за вакцинација

од Берта Китинска

Од понеделник започнува масовната вакцинација во салата „Борис Трајковски“.

Познатиот Космонаутко наместо со земање на брисеви на терен ќе работи во големиот вакцинален пункт. Тој ќе биде дел од тимот кој ќе ја спроведува имунизацијата.

-Овде сум како медицинска сестра и имунизацијата е значајна и треба луѓето да се вакцинираат.Апелирам до сите да се вакцинираат, тоа е единствен начин да се заштитиме себеси и сите блиски. Повикајте ги пријателите и роднините масовно да се пријавуваат за вакцинација тоа е мојот апел. Сите вакцини се безбедни, вели Денис Јанкуловски од Центар за јавно здравје Скопје.

Слични содржини