Јанша одбива да го коментира „нон-пејперот“

од Vladimir Zorba

„До ново известување, Кабинетот на премиерот на Република Словенија нема да ја коментира темата на таканаречениот „нон-пејпер“ документ за Западен Балкан“.

Вака е одговорено на барањето за коментар кое Радио Слободна Европа (РСЕ) го испрати до словенечкиот премиер Јанез Јанша, во врска со наводниот документ што тој го проследил до Европскиот совет.

Имено, на помалку од три месеци пред почетокот на словенечкото шестмесечно претседателство со Европската унија, во медиумите се појавија тврдења за наводниот предлог на Јанша за прекројување на границите на Западен Балкан, како начин да се реши хроничниот проблем меѓу шест земји во регионот. Со исклучок на Хрватска, која е членка на ЕУ, другите пет земји имаат зацртано пристапување кон таа заедница во нивните приоритетни цели.

Барањето до канцеларијата на Јанша е испратено денеска (15 април), на денот кога словенечкиот портал „Нецензурирано“ објави наводна копија на контроверзниот документ.

Според објавената содржина, се зборува за прецртување на границата меѓу Србија и Косово, а предвидена е и можност за отцепување на босанскиот ентитет Република Српска, припојување на делови од Црна Гора и Северна Македонија со албанското мнозинство кон Албанија и припојување на делови од БиХ, западна Херцеговина, на Хрватска.

Слични содржини