Јапонски научници: Сладолед за појадок ве прави попаметни

од Vladimir Zorba

Сладолед појадок значително ја зголемува работоспособноста на мозокот и општата ментална активност, покажуваат резултатите од необично клиничко тестирање во приватниот јапонски универзитет Кјорин.5175204 Секое утро учесниците во експериментот веднаш по будењето јаделе сладолед. Истражувачкиот тим на чело со проф. Јосихико утврдил дека тоа води до нагла стимулација на алфа брановите во мозокот.

Потоа учесниците требало да направат неколку тестови на компјутер за да ги проценат нивните реакции со способност за анализа на информации. Станало јасно дека сите учесници се справиле со задачата значително побрзо во споредба со оние кои јаделе стандарден појадок. Според научниците, причината не е точно во сладоледот, бидејќи секоја ладна храна го “тресе” мозокот и брзо го вади од заспана состојба.

За време на експериментите сладоледот бил заменуван со ледена вода, но ефектот бил доста слаб. Специјалистите сметаат дека резултатите при се должат на комбинација од фактори, меѓу кои е и задоволството од јадење на тоа лакомство што го подобрува расположението.

Слични содржини