Јонуз: Преговарачката „војна“ помеѓу Македонија и Бугарија нема брзо да заврши

од Vladimir Zorba

Апсурдно е да се зборува за „најдобро“ решение затоа што ниту едно решение кое задира на штета на македонскиот идентитет, историја и посебност е компромис на штета на македонскиот народ и држава, во разговор за „Локално“ аналитичарот Агим Јонуз за последните случувања во спорот помеѓу С.Македонија и Бугарија.

Истовремено, додава тој, апсурд е да се помисли дека бугарската страна после се ќе се одлучи да се повлече од своите ставови ако се земе во предвид дека политиката на официјална Бугарија е децидна.

– Преговарачката „војна“ помеѓу Македонија и Бугарија нема туку така и брзо да се заврши дури ако се земе предвид и дека португалскиот предлог е само предлог и појдовна точка. Лично сметам дека бугарските апетити ќе одат само во поугорна линија се додека не се дојде до црвените линии, кои за жал ние слабо ги браниме, вели Јонуз.

Политичкиот аналитичар е дециден дека за Софија постојат два битни елемента кои диктираат став и модел на однесување.

– Првиот е политички, кој ги обезбедува поените на политичкиот естаблишмент пред сопствениот електорат. Вториот е сепак ограниченоста од Европската Унија која притиска да се најде компромисно решение во кое на Македонија ќе и се отворат вратите за добивање датум за преговори. Лично сметам дека бугарската страна ќе игра една двојна игра, а таа подразбира притисок кон македонската страна паралелно држејќи се за условите кои ги поставува ЕУ за што побрзо решавање, истакнува Јонуз, додавајќи дека ситуацијата уште долго ќе се држи на „нерешено“.

– Бугарскиот естаблишмент пред сопствениот народ ќе глуми цврст бедем пред современа република С. Македонија. Бугарската страна ќе ја користи максимално таа ситуација на ‘‘ниту има, ниту нема решение‘‘!, посочува тој.

Во однос на изјавата на бугарскиот премиер Петков дека С.Македонија ќе биде во Европската Унија најрано за 10 години, Јонуз смета дека неговите ставови се дневно калкулативни во функција на одржување на ситуацијата што подолго може како актуелна.

– Петков е колку бугарски толку и европски политичар ако се земе во предвид дека не може и не смее да води апсолутно автономна и независна политика од Европската, вели политикологот.

Категоричен е дека отворањето на култруниот центар „Ванчо Михајлов“ е токму за одоговлекување на дадутом за почетните преговори за ЕУ.

– На бугарската страна и е потребно што подолго не решавање на актуелната ситуација, затоа што и во Бугарија дневно политичката сцена подразбира дека оваа нивна Влада треба на сопствениот народ да му покаже истрајност, не компромисност и успех во својата политика. Со тоа се е кажано!, заклучува Јонуз.

М.А.

Слични содржини