Јотова: Да се повлече амандманот, провокативните изјави се заштитен знак на С. Македонија

од Nikola Popovski

„Невидено е дека во таков документ се содржи и укор кон сегашна земја-членка. Ги повикувам моите поранешни колеги од Групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент да го повлечат амандманот “, напиша потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, на својот Фејсбук профил, како реакција на амандаманот на Годишниот извешај на Европскиот парламент за С. Македонија.

Според неа, говорот на омраза и провокативните изјави, како и сузбивањето на правата на луѓето со бугарски идентитет се заштитен знак на С. Македонија. Таа нагласува дека подготвениот амандман уште еднаш го потврдува неуспехот на бугарската држава да им го објасни својот став на своите европски партнери.

„Добрососедство значи не само расчистување на споровите од минатото, туку и однесување во сегашноста, како и заштита на граѓаните со бугарска самосвест. Конкретен пример за последните денови е скандалот со претставникот на Скопје на Евровизија заради неговиот бугарски идентитет и симпатиите кон нашата земја“, додала таа.

Со амандманот на европратениците Марек Белка, Тонино Пицула, Тања Фајон и Андреас Шидер во име на партијата на Групата на социјалисти и демократи и на Тинеке Стрик од групата на Зелените се осудуваат неодамнешните провокативни изјави на членови на бугарската влада во однос на историските прашање кои ја засегаат Северна Македонија и се противречни со духот на Договорот за добрососедски односи со Бугарија. Се повикуваат бугарските власти да се воздржат од слични изјави, со оглед на предизборната кампања во Бугарија која е во тек.

Слични содржини