Јовановиќ: Срамни се барањата за државата да ги покрие платите на вработените кои се принудени да седат дома

од Nikola Popovski

Поранешниот советник на Драган Тевдовски во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ на својот Фејсбук профил ги оспори барањата на одредени бизнисмени и економисти, за државата да ги покриела платите за вработените кои се принудени да седат дома поради кризата со корона вирусот.

„Фирмите во оваа држава остваруваат вкупна добивка од 5,3 милијарди евра. Тоа е многу повеќе и од вкупните плати на работниците (3,5 милијарди евра) и од државниот буџет (3,9 милијарди)“, вели Јовановиќ.

Тој заклучува дека во овие времиња треба сите да се потрудиме да го дадеме својот придонес кон општото добро, а не да бидеме алчни и да гледаме да профитираме.

Срамни се барањата на одредени бизнисмени и економисти, државата да ги покриела платите за вработените кои се принудени…

Публикувахте от Branimir Jovanovic в Четвъртък, 12 март 2020 г.

Слични содржини