Јужнокорејски медиум: Ким со предлог до Трамп за нова средба во јули во Пјонгјанг

од Vladimir Zorba

  Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го поканил американскиот претседател Доналд Трамп да го посети во јули Пјонгјанг на втора средба на високо ниво меѓу двете држави. Тоа го објави јужнокорејскиот весник Чунан илбо, повикувајќи се на извори во владата.

Според весникот, предлогот се содржел во писмо предадено на Трамп на 1 јуни од заменик претседателот на ЦК на Корејската работничка партија. Весникот нагласува дека тогаш и двете страни изразиле подготвеност за продолжување на контактите на највисоко ниво.

Во Сингапур утре ќе се одржи средбата меѓу Ким Џонг Ун и Доналд Трамп

Слични содржини