Кабинет, службеници, возило: Правата на поранешните претседатели голем товар за буџетот

од Берта Китинска

Во Институтот за човекови права се подготвува Закон за скратување на правата на поранешните претседатели и нивните семејства.

-Во постојниот закон нема временско ограничување на времетраењето на правата на поранешните претседатели, па доаѓаме во ситуација да одвојуваме средства за двајца или повеќе претседатели. Секако дека експретседателот не треба да се остави без примања, вели поранешната врховна судијка Вера Коцо сега од Институтот за човекови права во изјава за Утрински Брифинг.

Таа појаснува дека поранешниот претседател добива кабинет, тројца службеници, службено возило и возач. Канцеларискиот простор не е дефиниран и може да биде несразмерно голем. Со новиот закон тоа би требало да се регулира како и правата на семејствата на претседателите.

За институцијата претседател на државата, претседателот на државата добива 95 милиони денари од Буџетот за 2022 година.

 

Слични содржини