Кадиров ѝ се закани на Полска: „Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе видите што можеме да направиме“

од Stefanija Kuzmanovska

Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, објави видео на социјалните мрежи во кое наведува дека „украинското прашање е решено“ и дека е „заинтересиран за Полска“.

Видеото кое трае 34 секунди досега е прегледано повеќе од 140.000 пати.

– Украинското прашање е решено. Заинтересиран сум за Полска. Полска, што се обидува да постигне? – На видеото кое го објави новинарот на Би-Би-Си Френсис Стар се слуша како зборува Кадиров.

Во видеото, Кадиров потоа почнува сериозно да се заканува.

– По Украина, ако добиеме наредба, ќе ви покажеме што можеме да направиме за шест секунди. Подобро да си го вратите оружјето и платениците и официјално да побарате прошка за тоа што му го направивте на нашиот амбасадор. Тоа нема да го игнорираме, имајте го тоа на ум – рече Кадиров.

Се верува дека Кадиров мислел на Сергеј Андреев, рускиот амбасадор во Полска, кој беше нападнат во Варшава на 9 мај, за време на Денот на победата. Имено, Андреев беше посипан со црвен сируп, поради што Москва остро реагираше.

Слични содржини