Кафеанџиите ги зголемија цените на услугите

од Берта Китинска

Цените на угостителските услуги за периодот јануари ‒ јули годинава, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4 проценти, а за тој износ се зголемиле и споредено со декември минатата година.

Фото: Борче Поповски

Податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика покажуват дека цените на угостителските услуги во јули во однос на јуни годинава се намалени за 0,3 проценти, а за толку се зголемени споредено со јули лани.

Податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика покажуват дека споредено по групи на услуги, зголемување на цените во јули во однос на јуни е забележано во групите „храна“, за процент, „алкохолни пијалаци“ за 1,3 проценти, како и „безалкохолни пијалаци“ за 0,8 проценти. Во групата „ноќевања“ е забележано намалување за 4,9 проценти, кое има најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот индекс.

Слични содржини